СДСМ и Георгиески се уценети и не планираат да стават крај на урбаното дивеење во Охрид

Охрид

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески дозволија да не се почитува мораториумот, и по неговото донесување за било какви урбани и крајбрежни трансформации.

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Перчо Божиновски, кој запраша дали за СДСМ и градоначалникот Георгиески постои владеење на правото и почитување на законите?

– Има ли уште градоначалникот Георгиески неисплатени фактури од изборниот инженеринг кон неговиот коалиционен партнер? Уште колку време ќе трпат охриѓани за неговата условена победа? Крајот на септември се ближи кога ќе треба власта во Париз пред претставниците на УНЕСКО да објасни што е преземено досега. Крајно време е Георгиески да се прибере во сопствениот град, да не се крие и да не го избегнува најголемиот проблем со дивоградбите, рече Божиновски.

Тој исто така запраша која беше причината што се запре со рушење на дивоградбата каде што летаа само ќерамиди и дали е во прашање повторно коалициски договор на штета на охриѓани?

– Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби со тоа што за неа се незабележливи дивоградбите во заштитеното подрачје. Доколку Георгиески е уценет и нема сила да се справи со овој проблем доблесно е да им каже и признае на охриѓани и веднаш да се повлече од функцијата градоначалник на Охрид. СДСМ и Георгиески се уценети и не планираат да стават крај на урбаното дивеење во Охрид, нагласи Божиновски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged