Охриѓанката Ана Стојановска триумфираше на Отвореното тениско првенство на Македонија за јуниорки до 14 години

Спорт

Ана Стојановска од Тениски клуб Охрид го освои првото место на Отвореното првенство на Македонија за јуниорки до 14 години кое се одржа на терените на ТК Југ во Скопје од 28 – 30 Септември.

По освојувањето на Државното првенство на Македонија за јуниорки до 12 години и претходните Отворени првенства до 12 години без изгубен сет, 12-годишната Ана Стојановска успеа да триумфира викендов, и да ја потврди добрата форма и во конкуренција на 2 години постари тенисерки, победувајќи ја во финалето Нина Маринковиќ од ТК Југ со 6:1, 6:1.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged