Донев до Георгиески: Зошто да бидеш агенција за недвижности, кога можеше да бидеш решителен градоначалник?

Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук реагираше на изјавата на градоначалникот Константин Георгиески дека Нефи Усеини му кажал да му побара локација за бетонската база, на што тој му одговорил дека не е агенција за недвижнини.

Во објавата Донев го прашува Георгиески, зошто да бидел агенција за недвижности, кога можел да биде решителен градоначалник.

– Наместо да се криеш со месеци за време на градењето на бетонската база, можеше да ја стопираш изградбата на истата. Прво под притисок на јавноста и медиумите изјави дека си немал тендер за да ја рушиш основата на терасата кај чинарот, сега па не била твоја надлежност… Не ти требаше тендер, доволен беше само еден багер од било кое јавно претпријатие. Не е време за ситни политички поени. Биди решителен, храбар и пред се неселективен. Доста е од гостувањата по емисии…
п.с.
Да не сте случајно договорени да глумите скарани?, се вели во статусот на Фејсбук на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged