Премногу ветени спортски игралишта, но за жал ниту едно изградено или реконструирано

Охрид

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не се грижат за децата и младите. Премногу ветени спортски и детски игралишта насекаде низ целиот град и руралните средини, но за жал ниту едно изградено или реконструирано, истакна на денешната прес конференција претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Здравески.

Според него сликата којашто може да се види на детското игралиште кај каналот Студенчишта, но и на сите други детски и спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба.

– Кога планирате да ги направите ветуваните детски игралишта во Центар, Долна Влашка маала и 15 Корпус? Децата и младите од населбите Воска и Црногорци останаа без ветеното поставување на нови детски игралишта, а за постоечките воопшто не се води грижа. Зошто не преземате никакви санирања на детското игралиште на улица „Васил Главинов“?Младите чекаат да се реновираат спортските терени за мали спортови во Долно Лакочереј и Лескоец. Нема никаква трага и од изградбата на двата детски парка во Велгошти. Ова ли е грижата за најмладите од страна на Локалната самоуправа и градоначалникот Георгиески, запраша Здравески.

Како што нагласи претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ Охрид, со СДСМ и Георгиески нема ништо од изградба на современи спортски и детски игралишта.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged