(ВИДЕО) Во Охрид презентиран првиот брод кој работи на сончев погон

Охрид

Во Охрид синоќа беше презентиран првиот патнички брод кој работи на сончев погон. Бродот е изработен од композитни материјали, а го движат електрични мотори, кои се напојуваат од сончева енергија која се акумулира во литиумски батерии.

Бродот на иднината како што е наречен, го презентираше Мишо Мацора инспектор од Хрватскиот регистар на бродови. Според него бродот ги исплонува сите еколошки стандарди кои ги наметнуваат и критериумите на УНЕСКО.

Бродот на иднината  подразбира брод кој има нулта емисија на штетни гасови, брод кој се полни преку вклучување во струја на копно,  но и преку соларните панели кои се вградени на покривот на бродот, што овозожува голема автономија на бродот за што поголем радиус на пловидба, истакна Мацора.

Бродот со едно полнење може да вози 200 километри, што е доволно за целодневна пловидба, а брзината на движење е 17 километри на час.

Електричните бродови се нашата иднина, се надевам дека во некоја блиска иднина се повеќе ќе се користат, напомена Томислав Бурада  сопственик на фирмата „ I CAT“ производител на  бродот.

Цената на еден ваков брод изнесува речиси половина милион евра.

Инаку првите вакви бродови на Балканот веќе се ставени  во функција на езерото Млет во Хрватска.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged