На учениците од Куратица и од Спортската академија им е ускратено правото на превоз

Охрид

Учениците и децата се заборавени од власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески со тоа што за нив нема бесплатен училишен превоз, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Во партиското соопштение испратено до медиумите се вели:

„Учениците од Куратица коишто учат во средните училишта чекаат и по три саати повеќе бидејќи не можат да го стигнат превозот во 12 часот, а следниот е дури до 16 часот. Иако се оддалечени од училиштето и повеќе од три километри им се ускратува законското право за превоз. Дали е во ред учениците да излегуваат од дома и да патуваат пред 6 часот наутро, а да се враќаат дома по 16 часот? Зошто градоначалникот и директорите не ја исполнуваат законската должност и не им обезбедуваат бесплатен автобуски превоз на учениците?“

Исто така од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реагираат и на тоа што не е обезбеден превоз за учениците коишто учат во Спортската академија во Охрид.

– СДСМ да одговори зошто веќе втор месец не е обезбеден превоз за учениците коишто учат во Спортската академија во Охрид? Замислете учениците кои патуваат од Струга, Велгошти, Подгорци, Враништа и Радожда ќе треба да купуваат месечни карти и на крајот од месецот тие месечни карти да ги доставуваат, по што ќе чекаат да им бидат исплатени парите назад. Зошто општина Охрид не го спроведува Законот за општински превоз и не го почитува Законот за средно образование со кој учениците имаат бесплатен ученички превоз?
Со СДСМ и Георгиески на учениците сѐ уште не им е решен проблемот со бесплатниот училишен превоз, стои во партиското соопштение.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged