Господа од СДСМ инвестиција ли е кратење средства за реконструкција на кровот во Гимназијата во Охрид и дали е инвестиција укинувањето на Филмската академија?

Охрид

Владата на СДСМ предизвкува хаос, создава проблеми и не инвестира во образованието, реагираат од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја прашуваат власта дали е инвестиција тоа што повторно удриле по образованието откако со Ребалансот на Буџетот во образованието скратиле 844 милиони денари?

– Инвестиција ли е тоа што скративте 221 милион денари помалку за Инвестиции во образованието? Дали е инвестиција да ги оставите учениците без книги и учебници? Инвестиција ли е кратење средства за реконструкција на кровот во Гимназијата во Охрид каде што Ви падна таванот? Дали е инвестиција укинувањето на Филмската академија? Три години нереформи, кратења и создавање хаос во образованието зарем се инвестиција, прашуваат од партиската комисија и додаваат:

„Со СДСМ нема изградба и реконструкција на основни и средни училишта, нема изградба на спортски сали во основните и средни училишта, нема изградба и реконструкција на ученички и студентски домови. Ова ли е правиот пат и европската иднина и живот? Не е инвестиција кога се крати од изградба на основни и средни училишта или изградба на спортски сали. Не е инвестиција негрижата за најмладите со кратење средства за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови. Не е инвестиција учениците да останат без компјутери и да им се скратува бесплатниот училишен превоз. Не е инвестиција да се крати од професионален развој на воспитно-образовниот кадар во основното и средно образование. Со СДСМ не само што не се подобрени условите во образованието, туку и се влошени. СДСМ не решава, туку создава проблеми. СДСМ не се грижи, туку нанесува штета. СДСМ мора да си оди, за образованието да тргне напред.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged