Заедно за Јана: Уште само еден ден до хуманитарниот концерт

Македонија

Уште само еден ден до хуманитарниот концерт за Јана Арсовска во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на кој ќе настапат Камелеон, Четкар, Ѓоко Таневски и Фолтин.

Картите се продаваат по цена од 300 денари. Сите собрани средства ќе одат на сметката на Јана која благодарение на хуманите луѓе, ближи кон 80 илјади собрани евра.

Сепак, целосниот третман чини 213.329 евра. Токму затоа мора да продолжиме со помагање на Јана бидејќи ние сме нејзината надеж. И таа надеж ќе ја донесе до конечна победа над опасната и ретка болест, во тоа сме сигурни.

Затоа, да бидеме сите утре (сабота 12-ти октомври) во 19:30 часот во Центарот за култура, да слушаме одлична музика и хумани пораки, сите ЗАЕДНО ЗА ЈАНА!

Јавете им се на сите пријатели кои мислите дека би сакале да се приклучат кон акцијата, поканете ги сите кои сметате дека ќе сакаат да помогнат. Институциите потфрлија, па здравјето на Јана зависи од нас. И ние ќе и помогнеме да оздрави <3

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged