Голем број охриѓани ја покажаа својата хуманост донирајќи на денешниот хуманитарен настан за помош на Јана

Охрид

Голем број охриѓани ја покажаа својата хуманост донирајќи во собирните каси на Црвен крст Охрид, на денешниот хуманитарен настан за помош на Јана кој во организација на Црвен крст Охрид и Oriflame се одржа на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.

За возврат, дел од нив од тимот на Oriflame добија тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција, а дел се забавуваа со волонтерите на Црвен крст со добра музика и конзумирање на производите на Рондо трејд, сокови, кафе, топло чоколадо и друго.

Оваа хуманитарна акција со истите содржини продолжува и утре, сабота, од 11-16 часот на Градскиот плоштад во Охрид.

Не пропуштајте ја можноста за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори и др., но и да ги вкусите напитоците од фирмата Рондо трејд и воедно ја изразите својата хуманост.

Средствата собрани од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged