12 години без Тоше

Македонија

На денешен ден пред 12 години загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, во тешка сообраќајна несреќа која се случи крај Нова Градишка, на автопатот Загреб-Липовац.

Имаше само 26 години. Беше миленик на сите генерации, обожуван на целиот Балкан.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на единаесет дена пред несреќата.

Почивај во мир голем човеку, засекогаш ќе останеш запаметен!

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged