А1он: Охридскиот инспектор Новица Шуменковски, кој неовластено уништувал храна и пијалоци, незаконски дозволил отворање мртовечница

Охрид

Инспекторот од Охрид, Новица Шуменковски, како вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал незаконско решение за мртовечница, дознава „А1он“. Станува збор за истиот инспектор за кој „А1он“ веќе објави дека неовластено уништувал храна и пијалаци во речиси истиот период кога издал и решение за мртовечница.

Шуменковски во јули 2017 година потпишал дека приватната фирма ТДПТУ „Мирен сон“ – Охрид ги исполнила условите за вршење погребални услуги со мртовечница – мортална комора за одржување од 0 до 4 степени и мртовечница – мортална минусна комора за замрзнување од 0 до минус 20 степени иако од Министерството за транспорт и врски велат дека мртовечница, според важечките закони, може да има само управителот на гробиштата.

Следејќи го патот на решението, „А1он“ се обрати во Министерството за транспорт и врски, кое ги издава дозволите на операторите што нудат погребални услуги, како и на управителите на гробиштата што имаат обврска за мртовечница. Издаденото решение го нема во архивата на Министерството за транспорт и врски, објави „А1он“.

Текстот во целот на: А1он

Фото: А1он

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged