Вечерва во Охрид сцени како од криминалистички филм: Нападнал таксист, ограбил златари и се заканувал со пиштол во кафетерија

Охрид

Лице од Скопје на возраст во средните дваесетти години кое престојувало во Охрид, вечерва низ градот направи вистинска бркотница, како од крими филмовите.

Најпрво тој со пиштол и нож го нападнал таксистот кој го превезувал од неговото престојувалиште до центарот на градот, но за среќа таксистот успеал да избега и да се спаси. Потоа напаѓачот продолжил кон охридската чаршија каде ги извршил кражбите во златарите.

Тој влегол и во кафетерија во охридската чаршија каде што сам си го вперил пиштолот, но и таму за среќа поминало без посериозен инцидент

На крајот напаѓачот бил фатен од полицијата. Оттаму повеќе детали за оваа несекојдневна случка во Охрид, најавуваат за утре

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged