Донев до власта: Помалку зборување, повеќе работа, колекторскиот систем на Охридското езеро не е реконструиран од кога е изграден во 80-тите години

Охрид

Во емисијата „Прашалник“ на ТВМ главна тема беше колекторскиот систем во Охрид кој е изграден во 80-тите години и очајно му е потребна реконструкција. Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Сашо Донев истакна дека власта треба помалку да зборува, а повеќе да работи, односно да не губи драгоцено време и да го реши овој горлив проблем на градот. Тој напомена дека е помината година дена од кога е оформено државното претпријатие Колекторски систем, а резултати од работата на ова прерпријатие се уште нема.

Донев потенцираше дека и локалната власта како и централната власт треба да се фати за работа, а фокус на нејзиното дејствување треба да биде изградбата на атомсферската и фекалната канализација. Наместо решавање на овие проблеми, посочи тој, власта ги скрати и онака малите средства кои беа одвоени од буџетот на Општина Охрид за оваа намена со новиот ребаланс.

-Општината треба да издвојува најмногу пари од буџетите за изградба на атмосферска и фекална канализација. Јас кажав, скромни средства се изводија во овогодинешниот буџет, на последната седница на совет по однос на ребалансот ги скратија и тие средства кои што беа. Значи јавното претпријатие „Нискоградба“ треба да не може да крене глава од работа во изградба на атмосферска и фекална канализација, а не и тие средства кои се изгласани од страна на советот на Општина Охрид да бидат скратени, рече Донев.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged