Охрид одбележува 126 години од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев

Култура

Охрид ја одбележува 126 годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.

На 5 – 6 февруари ( вторник и среда) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржат неколку настани со кои ќе се чествува ликот и делото на патронот на библиотеката.

Настаните започнуваат на 5 Февруари во 12 часот со промоција на монографијата „Поетска ноќ во Велестово“ – по повод јубилејот 30 години од манифестацијата.

Ден потоа на 6 Февруари во 12:45 предвидено е полагање на ловоров венец и свежо цвеќе на бистата на поетот пред националната установа. Во 13 часот во просториите на библиотеката ќе има портрет на писателот и поет Видое Видически, а ќе биде прикажан и видео проектот „ Од животот на Прличев“.


ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged