Мерко е незаменлив

Регион

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко повторно ја доби довербата од интегративците и вчера е избран за прв човек на струшкиот огранок на ДУИ. Контроверзниот Мерко третпат застанува на чело на струшкиот огранок и е единствен од старите кадри кој при внатрепартиските избори на ДУИ ја задржа функцијата претседател на огранокот.

ДУИ успеа да ги смени Беќир Асани и Невзат Бејта од први луѓе на чаирскиот и на гостиварскиот огранок, но Мерко се чини е незаменлив.

Од партијата брифираат дека би го смениле и Мерко, но оти на изборното собрание ниту еден сопартиец не се пријавил да му конкурира на струшкиот градоначалник за претседателската функција во огранокот.

Дури и противниците се согласиле на реизбор на Мерко, со коментари дека е ризично да го сменат на само пет месеци пред предвремените парламентарни избори.

Мерко во три мандати е и градоначалник на Струга. Тој локалните избори ги изгуби само од Зијадин Села, но затоа на последните локални избори повторно застана на чело на Струга.

извор: Република

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged