Вевчани го има најкатастрофалниот градоначалник, без проекти и идеи за општината

Регион

ОК ВМРО-ДПМНЕ Вевчани на прес конференција го обвинија градоначалникот од СДСМ, Сашо Јанкоски, дека не реализирал ниту еден проект од ветените проекти за жителите на општина Вевчани, како и дека поради немање на свои проекти ги довршил проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ.

– После две години на неработење, безидејност, некреативност и лошо владеење на Јанкоски и СДСМ можеме да видиме дека започна со довршување и реализирање на проекти од програмите на ВМРО ДПМНЕ. Оттука сакаме да му се заблагодариме за реализацијата и одважноста да ја спроведува програмата и проектите на ВМРО ДПМНЕ, истакна координаторот на советничката група Јовица Лешоски.

Тој додава дека општина Вевчани има целосно промашен буџет, односно како што рече најмал и најмалку реализиран буџет во втората година во области како капитални инвестиции, економска програма, туризам, култура.

– Ова е најлошото владеење во историјата за граѓаните и за општина Вевчани. Во изминатите две години Вевчани има технички градоначалник, кој не предложил ниту една идеја, визија, проект кој ние советниците би го гласале. Наспроти тоа имаме целосно промашен буџет за првата година. Буџет кој не носи никаков напредок. Имаме само буџет за плати и тековни обврски. Ова е најлошо владеење во историјата на Општина Вевчани. Обновата на Македонија започнува на 12 април, тогаш започнува и обновата на Вевчани, заврши Лешоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged