Мицкоски: Владата ја води државата во погрешен правец, изборите се логично решение за крај на неспособната влада

Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизијата Шења истакна дека во една демократска земја нормално е опозицијата да бара предвремени парламентарни избори се со цел да понуди нови политики и решенија за проблемите на граѓаните.

Како што рече Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ барала предвремени парламентарни избори и поради тоа што владата на СДСМ не ја носи државата во нагорна насока, туку во погрешен правец и поради тоа логично е да има избори како крај за сите лоши политики кои што ги спроведуваа изминатиот период.

Ние како политичка партија во неколку наврати во минатото баравме предвремени парламентарни избори бидејќи како основа на функционирањето на опозицијата е да бара предвремени парламентарни избори, се разбира и за тоа во секоја зрела демократија е добро да имаме опозиција која што ќе биде амбициозна, која што ќе сака да се натпреварува со власта во еден изборен циклус и да победи се разбира да понуди нови политики и нови решенија и тоа е добро. И второ затоа што оваа влада според нас, но и според огромно мнозинство на граѓаните и ако ги погледнете последните анкети ќе видите дека не ја води државата во нагорна насока, туку сосема спротивно во погрешна насока и мислам дека можеби требаше многу порано пред сето ова да ни се случи да имаме ние предвремени парламентарни избор, истакна Мицкоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged