(ВИДЕО) Мицкоски од Вевчани: Во структурите на власта крадат сите, од хигиеничар до министер

Регион

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, продолжи со акцијата „Разговори за Обнова на Македонија“ и оствари средба со жителите на општина Вевчани.

Пред присутните, Мицкоски потенцираше дека ветувањата на СДСМ и Зоран Заев дека ќе ги вратат младите во Македонија со таканаречениот план за живот, не се остварени.

Јас разговарав со моите студенти што планираат понатаму во животот после дипломирањето, дали својата иднина ја гледаат тука во Македонија, дали мислат дека е правично ова што денеска се случува. Најголемиот дел од нив својата иднина за жал не ја гледаат тука. Никогаш не била поголема миграцијата, денеска не се пусти селата, денеска и градовите се пусти, истакна Mицкоски.

Тој посочи дека покрај ударот на националните интереси од страна на власта, во Македонија се случува и тотален грабеж, односно како што рече, се краде од хигиеничар до министер.

Додека ветуваат пљачкаат, набавија тендер и фирми и дадоа 24 дена стара фирма за да може 10.000 евра да книжи за 15 минути. Епа фалкон млазен авион да изнајмат 3.000 евра се плаќа на саат. Ние за 15 минути на некои со 24 дена стара компанија ќе му го полниме џебот, всушност им го полниме џебот на оние од врхушката на власт. Ете тоа е она кое што денеска ни се нуди, пљачка на голема сцена, покрај слугувањето, покрај националното понижување, покрај подредената кичма. Се краде од хигиеничар до министер, секој денеска си го бара своето. Зошто? Затоа што гледаат од првиот, ако првиот е по тој спорт сите надоле мислат дека така треба, нагласи Мицкоски.

Тој на средбата во Вевчани додаде дека многу наскоро доаѓа Обнова на Македонија, a оваа политичка и економска катастрофа ќе заврши на 12 април кога се закажани предвремените парламентарни избори.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged