(ФОТО) Кој ќе седне во директорските фотелји на Здравствен дом Охрид и Општа болница Охрид

Охрид

Кој ќе седне во директорските фотелји на ЈЗУ Здравствен дом Охрид и ЈЗУ Општа болница Охрид?

Ова прашање се поставува откако беа објавени јавните конкурси за избор на директори во овие две здравствени установи во Охрид.

Во конкурсот за избор на директор на ЈЗУ Здравствен дом Охрид е наведено дека пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

3. Има завршено високо образование од областа на медицината или стоматолошките или фармацевтските науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршено академски студии со најмалку 240 ЕКТС односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации,

4. Има минимум пет години работно искуство во здравствена установа, односно во економијата, финансиите, правото или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување,

5. Понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа и

6. Поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за познавање на англиски јазик не постар од пет години:

– ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT)  најмалку 74 бода,

– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

– ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,

– ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

– БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

– АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) 

Во конкурсот за избор на директор на ЈЗУ Општа болница Охрид е наведено дека пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

3. Има завршено високо образование од областа на медицината или стоматолошките или фармацевтските науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршено академски студии со најмалку 240 ЕКТС односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации,

4. Има минимум пет години работно искуство во здравствена установа, односно во економијата, финансиите, правото или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување,

5. Понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа и

6. Поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за познавање на англиски јазик не постар од пет години:

– ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT)  најмалку 74 бода,

– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

– ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,

– ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

– БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

– АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) 

Инаку моментални директори на овие две здравствени установи се Ајсел Зејноска на Здравствен дом Охрид и Славица Малеска Стојадиновиќ на Општа болница Охрид.

Дали ќе ги задржат досегашните функции или во директорските фотелји ќе седне некој друг останува да видиме.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged