(ВИДЕО) Мицкоски: Прво што ќе го направам како премиер, ќе ги намалам даноците и ќе се откажам од привилегиите

Македонија

Првата работа што ќе ја направам како претседател на владата на Македонија – ќе се откажам од многу привилегии на премиерот и ќе ги намалам даноците, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“.

Запрашан дали размислувал да се намали бројот на вицепремиери и да има еден вицепремиер, Мицкоски одговори:

„Постои внатрепартиска дебата посебно во делот на вицепремиер за економски прашања бидејќи некако таа позиција кумулира голема моќ, а во суштина без никакви одговорности. Најчесто се прават експериментални политики коишто немаат никаков резултат, а на сметка на тоа Министерството за економија да добие поголема тежина, па дури одиме до таму во иднина да тоа се подели на две помали министерства: Министерство коешто ќе третира прашања од областа на минералните суровини и енергетиката, а другото да биде Министерство за трговија, индустрија и раст. Тие две министерства да бидат практично замена на сегашните позиции вицепремиер за економски прашања и Министерството за економија.“

Intervistë ekskluzive, Mickoski tregon se a do të ketë shqiptarë në listat për deputetë të VMRO-DPMNE-së

Intervistë ekskluzive, Mickoski tregon se a do të ketë shqiptarë në listat për deputetë të VMRO-DPMNE-së

Posted by ZHURNAL.MK on Friday, November 1, 2019

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged