Полицијата одзела рибарски мрежи со уловена белвица во Охридско Езеро

На 16.11.2020 во времето од 13:00 до 16:00 часот од полициски службеници на околу 1000 метри од брегот на Охридското Eзеро, спроти авто камп биле пронајдени рибарски мрежи со улов од риба белвица. – Риболовниот алат бил подигнат и предаден во Полициска станица за граничен надзор „Охридско езеро“ за понатамошна постапка, соопшти Стефан Димоски, портпарол […]

Повеќе

(ФОТО) Нова градска плажа во Охрид – „Пресуши езерово“

УМС ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денеска изведе герила акција, сакајќи да укажат на алармантната состојба во која се наоѓа Охридското Езеро. „Откако полека, полека пресушува езерото поради негрижата на власта, на повидок е нова градска плажа“, порачаа младите од ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Инаку денеска Охридското Езеро е на минимално дозволеното ниво од 693,10 м.н.в. Please follow and like […]

Повеќе

(ВИДЕО) Трипуновски: Седум сантиметри го делат Охридското Eзеро од еколошка катастрофа

Се наоѓаме покрај Охридското Eзеро, бисерот на Македонија, кој заради расипничката влада и Зоран Заев е пред еколошка катастрофа. Езерото е на само 0.07 метри до нивото на минималната кота, односно до истата има уште 7 сантиметри, рече денеска Цветан Трипуновски од ВМРО – ДПМНЕ. – Само уште 7 сантиметри го делат Охридското Езеро од […]

Повеќе

Полицијата одзела шест мрежи со уловена пастрмка во Охридско Езеро, спроти Канео

Полицијата синоќа спречила рибокрадци во Охридско Eзеро. „Во периодот од 22:00 часот на 06.11. до 02:00 часот на 07.11.2020, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското Езеро, полициски службеници во водите на Охридското Езеро, спроти „Канео“, на околу 1 км од брегот на езерото, пронашле и одзеле шест риболовни мрежи со уловена охридска […]

Повеќе

Пецаков: Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро

Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата и исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро кое за овој период е во алармантна состојба, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Кирил Пецаков, на денешната прес-конференција во врска со намалениот водостој на езерото, состојба која од ден на ден […]

Повеќе

(ВИДЕО) Охрид SOS: Багерите на Нефи Усеини нелегално копаат песок од Охридското Eзеро за потребите на бетонската база

Невладината организација Охрид SOS денеска алармираше дека багери во сопственост на Нефи Усеини копаат песок од Охридското Езеро. Тие ги повикуваат надлежните да излезат на терен и да ги спречат овие активности. „Викендов се формализираше новата владина коалиција на Guns N’ Roses, или попрецизно, надградената и проширена верзија на претходната, со неколку рокади. Додека мандатарот […]

Повеќе

(ВИДЕО) Со лет над Охридското Езеро Мајкрософт го промовира новиот „Флајт симулатор“

Со промотивен лет над Охридското и Преспанското езеро, „Мајкрософт Флајт Симулатор 2020“ (Microsoft Flight Simulator) ја претстави новата видео игра што ја развива во последните 15 години. Првото издание на франшизата е старо петнаесет години, а изданието 2020 година лета со нов пејзаж за компјутерски игри. Се одликува со визуелизации од следната генерација со речиси […]

Повеќе

Полицијата соопшти детали за вчерашната несреќа во која се удави човек во Охридско Езеро

На 03.07.2020 во 14,20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на С.Ј.(49) од Охрид. Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител. На местото на настанот […]

Повеќе

49-годишен охриѓанец е лицето кое се удави попладнево во Охридското Езеро

Денеска околу 14 часот и 30 минути, во СВР Охрид, добиено е телефонско известување за забележано безживотно тело во водите на Охридското Езеро на плажа на кеј „Македонија“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. -На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и полициски и медицински екипи од итната медицинска помош, при што констатирано […]

Повеќе