Приведен 52-годишен охриѓанец поради семејно насилство врз сопругата

На 24.02.2026 во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (52) од Охрид, постапувајќи по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Ова се компаниите кои останаа без лиценца за одгледување канабис

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Ова се компаниите останаа без лиценца и од која причина е донесена таква одлука. Alphafarm – констатиран кусок на сув цвет, необезбедено физичко обезбедување и […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС стравува од сведочењето на Груби и евентуалните искази што би можеле да допрат и до нивни поранешни високи функционери?

Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на […]

Повеќе

Николоски: Нови 22 авионски рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа

Вицепремиерот и министерт за транспорт Александар Николоски објави дека силно се развива авиосообраќајот во Македонија. -Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот, вели Николоски. Посочува дека во периодот кој следи продолжуваат со уште повеќе активности со цел зајакнување […]

Повеќе

ЈП “Нискоградба” експресно санираше дефект на ул. Христо Узунов во Стариот дел на Охрид

По дојава на граѓани за дефект во стариот дел на Охрид екипа на ЈП Нискоградба експресно излезе на терен. Имено граѓани се пожалија дека им се слева влага по ѕидовите на куќите. Проблемот се детектира во шахта на улицата која се преполнувала од дождовите минатите денови. Екипите веднаш го санираа проблемот, но се откри дека […]

Повеќе

„Науката и трпезата: Микробиомот во време на пост“ – стручно предавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во организација на Здружението на лица со дијабет од Охрид

Здружението на лица со дијабет од Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во четврток на 26 февруари организира средба со професионалните нутриционисти Наум Костов и Билјана Трајчевска (НутриДуо) обајцата од Охрид. Темата е посебно актуелна: „Науката и трпезата: микробиомот во време на пост“. Настанот ќе се одржи во читалната на Библиотеката […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски

Овој голем и свет маж беше извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот беше посветен на борбата против ариевата ерес којашто не Го признаваше Синот Божји за Бог и хулеше на Пресвета Троица. Еретиците трипати го оддалечуваа од неговиот архиепископски престол на прогонство во Ерменија. Борбата меѓу православните и еретиците се водеше толку […]

Повеќе

Сомнежи за ЕКОЦИД: Фирми од Велешта под истрага за загадената вода во Струга

Основното јавно обвинителство во Струга отвори истрага за причините за енормното загадување на водата од извориштето во селото Шум, од кое се снабдуваат со вода за пиење градот Струга и околината. По наредба на обвинителството, истражните органи на терен затекнале работни машини на две правни лица од селото Велешта, кои вршеле кршење, ископ и транспорт […]

Повеќе

ЈПДП: На коридорите 8 и 10д во декември лани се работело на 11 мостови и 10 натпатници

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ во декември 2025 година биле ангажирани 2.098 работници како и 1.269 вкупна опрема, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за декември 2025 година, објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Според Извештајот, […]

Повеќе

Стојаноски: Предлагаме намалување на платите на функционерите за до 13.000 денари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија поднесе пакет предлог-измени на шест закони со кои се регулираат платите на избраните и именуваните лица, со цел, како што велат, да се обезбеди поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата. Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека основната цел е воспоставување поправична распределба на […]

Повеќе