Денес се празнува Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество, Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (3Мој. 12, 2-7; 2Мој. 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ја составил техничката спецификација без соодветен елаборат за електрична енергија?

Сведоштвата на поранешната обвинителка Кадриу ја отвораат вистината за модуларната болница во Тетово. Според Кадриу, сериозни наводи укажуваат на низа пропусти при изградбата на модуларната болница во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче ја составил техничката спецификација без да има елаборат за електрична енергија и без целосно почитување на безбедносните стандарди, со што била загрозена безбедноста […]

Повеќе

ВМРО ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

По се што Филипче и СДС, се обидуваат да и сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана, се вели во соопѓтението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Филипче и Заев како најпознато […]

Повеќе

Приведен осомничен за убиство на 78-годишна жена во кумановско

Кумановска полиција приведе 25 годишно момче во општината Старо Нагоричане осомничен за убиство на 78 годишна жена. Според сопштението на Секторот за внатрешни работи во Куманово, осомничениот на 12 февруари влегол во домот на жената и физички ја нападнал, по што ја задушил со перница. „Жртвата починала на самото место“ се вели во соопштението. Според […]

Повеќе

Прикривале регистарски таблици – полицијата приведе две лица, одземени два „Мерцедеси“

Две лица се лишени од слобода во рамки на засилена акциска контрола спроведена од полициски службеници на СВР Скопје на подрачјето на Центар и Бит Пазар, со цел одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје. Акциската контрола била реализирана во периодот од 19:00 часот на 13 февруари до 03:00 часот на 14 февруари […]

Повеќе

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход. Како што соопшти УЈП, сите физички лица кои во 2025 година примиле плата или […]

Повеќе

Средношколките во Охрид ќе се едуцираат како да се заштитат од сајбер напади

Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство. Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование […]

Повеќе

Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека веднаш по усвојувањето на Програмата, традиционално пред празникот Свети Трифун, во текот на вчерашниот ден се реализирани исплатите на лозарите. „Исплатени се средства за над 12.500 лозари кои се евидентирани во нашиот регистар. Станува збор за околу 480 милиони денари, односно речиси 8 милиони евра, […]

Повеќе

Охрид одличен со Дукла, се гледа четвртфиналето во ЕХФ Купот

Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид одигра перфектна партија и славеше убедливо победа над Дукла Прага од Чешка со 30-21 во рамки на првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Купот, третото по ранг натпреварување во европскиот ракомет. Избраниците на Борис Ројевиќ пред домашната публика покажаа сила и го покажаа својот квалитет. Дарко Ѓукиќ со осум постигнати гола […]

Повеќе

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат. Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин. АМСМ информира дека од 05:45 […]

Повеќе