Приведени двајца државјани на Грузија за илегален влез и незаконски престој

На 28.01.2026 година во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се (42) и (41), двајцата од Република Грузија. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што, согласно член 159 и 165 од Законот за кривична постапка, се задржани во полициска станица за […]

Повеќе

Приведен охриѓанец поради агресивно однесување во угостителски објект

На 27.01.2026 година во 12:30 часот, на улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишен од слобода е (41) од Охрид, по претходна пријава дека во угостителски објект бил агресивен кон вработените и гостите во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Маските паднаа: Филипче призна дека стојат зад протестите на ССМ

Маските, конечно, паднаа. Денеска Филипче со јавен повик за силна поддршка ги повика своите членови да дојдат на протестот на ССМ. Тој даде „максимална поддршка“ на протестот кој се затскрива зад „работничките права“. Прашан дали вечерва ќе биде на протестот, кој го организира Сојузот на синдикатите на Македонија, Филипче со одговор дека организирана партиска поддршка […]

Повеќе

Николоски побара силна поддршка од Хрватска во решавање на проблемот со транспортерите

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб одржа работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На средбата на која се потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји, двајцата вицепремиери во фокус на разговорот го истакнаа проблемот со транспортерите […]

Повеќе

Рокот за подготовка на извештајот за УНЕСКО за состојбата во Охридскиот Регион истекува на 1 февруари

Рокот за подготовка на извештајот за состојбата во Охридскиот Регион истекува на 1 февруари, до кога документот, согласно со претходниот договор, треба да биде доставен до УНЕСКО. Тогаш светската организација ќе види колку и што сработиле македонските институции во изминатиот период за заштита на езерото и на регионот. Одлуката да ѝ се даде уште една […]

Повеќе

Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија

„450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери и да ја повлече одлуката, за што е оптимист“, порача премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ21.

Повеќе

Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба… некогаш

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети која беше договорена уште на лидерската средба. Дали ваквиот став на Мицкоски е поради фактот што Европскиот фронт предводен од ДУИ гласаше против Законот за прекршоци и “Сејф сити“

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев

Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да […]

Повеќе

Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото  за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, […]

Повеќе