Мицкоски: Годишна инфлација околу четири проценти, силни контроли во супермаркетите

Годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци, а Владата активно делува преку чести контроли на инспекциските служби. Во тој контекст, премиерот најави засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат […]

Повеќе

МЕТЕО АЛАРМ: Македонија на удар на нови обилни дождови, ветер и грмежи, доаѓа и снег

Под влијание на циклонска активност која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент  и на голем влажен бран денес попладне  и навечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (Четврток 8 Јануари) насекаде во Македонија ќе имаме врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со […]

Повеќе

Барот во швајцарското одморалиште, каде што во пожар загинаа 40 лица, пет години немал годишна инспекција

Барот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, во кој загинаа 40 лица во смртоносен пожар за време на новогодишната ноќ, не бил подложен на годишна безбедносна инспекција во последните пет години, и покрај законските обврски, изјави денес градоначалникот на Кран-Монтана, Никола Феро, јавува Анадолу. Барот „Ле Констелацион“ немал спроведено никакви безбедносни проверки, инспекции или ревизии во период […]

Повеќе

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Божиќ

Претседателот на Собранието, на Република Македонија Африм Гаши по повод  празник Божик упати честитка до граѓаните од православна вероисповед. – По повод православниот Божиќ, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз […]

Повеќе

Замрзнатото езеро Узунѓол во турски Трабзон со прекрасен зимски пејсаж

Голем дел од површината на езерото Узунѓол, кое се наоѓа во округот Чајкара во турски Трабзон, и е една од најпосетуваните туристички дестинации во источниот дел на Црноморскиот регион, е замрзнат поради студеното време, јавува Анадолу. Со падот на температурата на воздухот под нулата во текот на ноќта, голем дел од површината на езерото замрзна. […]

Повеќе

МВР отвори истрага по фотографиите со осветување на полициските возила

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството. „Во однос на објавените фотографии, МВР ве известува дека се преземаат соодветни мерки и активности, […]

Повеќе

„Христос се роди – Навистина се роди!“

Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање, кој ја носи пораката за љубов, мир, надеж и духовно обновување. Божиќ е празник на светлината и животот, ден кога во секој дом се споделуваат радост, спокој и семејна топлина. Тој нè потсетува на значењето на човечноста, солидарноста и грижата за […]

Повеќе

Децата од Бадниковите поворки ја пееја „Вечниот Бог“ во Соборниот храм и се сретнаа со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Бадникови поворки Дел од учесниците на Бадникови поворки 2026 претпладнево традиционално остварија свечена средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во Соборниот храм тие ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање. Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски […]

Повеќе

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати чститка по повод големиот христијански празник Божиќ, посакувајќи мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Со особена чест и голема почит, Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се сплотија и […]

Повеќе

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција. Тој напиша: ” Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски […]

Повеќе