Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа во Македонија – загинаа маж и жена

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 19 ноември рано утрото, осомничениот управувал товарно возило Мерцедес, сопственост […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ за Кацарска: Taa го изгуби кредибилитетот кога судеше 200 години затвор за „27 април“

За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија со што покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт,реагира ВМРО-ДПМНЕ Таа не само што беше поддржувач на неправдата, туку нејзин активен чинител. А судската […]

Повеќе

Пецаков: Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд

Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена.‎‎Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. […]

Повеќе

Николоски: УМС е гордост и двигател на новите кадри во ВМРО-ДПМНЕ

Ова е најголемиот настан што Унијата на млади сили го има реализирано од своето основање – меѓународен политички собир со огромно значење, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој потсети дека Меѓународната демократска унија е најголемото глобално семејство на центар-десни, конзервативни и центар политички партии, а нејзиниот подмладок е најголемата политичка младинска организација што […]

Повеќе

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст […]

Повеќе

Ѓорѓиевски: Скопје влегува во нова ера, започнуваме историска трансформација!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. […]

Повеќе

Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година. Убави вести од Брисел, информира министерот Тимчо Муцунски, -Попладнево заедно со министерот Зоран Љутков и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски -остваривме средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф, на која ги претставивме ставовите на Владата за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“ […]

Повеќе

Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 од БДП отсто за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се одвојува за судиите и обвинителите. Вели дека како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 проценти од земјите-членки на ЕУ. – Детално периодов го проучувам овој случај, вклучително делот со буџетот којшто се одвојува […]

Повеќе

Старата Градска болница во Скопје доби нов апарат за магнетна резонанца и апаратура за користење во салите за трауматологија

Нов апарат за магнетна резонанца од 1,5 Тесла, два лапораскопски столбови, инструментариум, односно апаратура за користење во салите за трауматологија доби Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Вкупната вредност на опремата, која Клиниката ја доби со помош на Владата, е околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра). На промовирањето на новата опрема на […]

Повеќе

Коцевски: Приведени десетина вработени во УЈП за примање поткуп поврзано со дискотеката „Пулс“

Десетина вработени во Управата за јавни приходи, приведени се денеска, а во моментот се вршат претреси на локации поврзани со овие лица, информира обвинителот Љупчо Коцевски. Се водеше предистражна постапка за лица коишто беа вработени во УЈП, а се водеше истрага за лица коишто беа поврзани со кочанскиот предмет – рече Коцевски во изјава за […]

Повеќе