Лишена од слобода 35-годишна жена од охридско село поради физички напад врз нејзината мајка

На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет. По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Лишен од слобода охриѓанец кој физички ја нападнал својата мајка

Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Обилни дождови предизвикаа поплави на грчкиот остров Лезбос

Обилните дождови предизвикаа големи поплави на Лезбос, поплавувајќи куќи и деловни објекти, јавува Анадолу. Според државниот јавен радиодифузер ЕРТ, поројните дождови предизвикаа излевање на реката Чикнијас, поплавувајќи ги областите, меѓу кои Скала Калонис и Калони. Голем број патишта се затворени, а училиштата во западниот регион на островот ја прекинаа наставата.

Повеќе

Ретка бела ласица забележана во источна Турција

Бела ласица, вид под заштита, беше забележана како шета низ своето природно живеалиште во Ван, Турција, јавува Анадолу. Ласиците обично се кафеави во текот на летото, но нивното крзно станува бело во зима, што им помага да се вклопат во снежните средини. Овие предатори играат клучна улога во локалните екосистеми преку хранење со глодари, помагање […]

Повеќе

Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во Владата. По средбата, како што најавува владината прес-служба, следува потпишување договор за соработка, по што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска банка Де Грот.

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Кризата во раководството ги парализира реформите во СДС

СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, […]

Повеќе

Обвинение за полицајците осомничени за пожарот во „Пулс“ на почетокот на декември

По повеќе од една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија десетици млади луѓе, обвинението против полицајците осомничени за пожарот ќе биде поднесено на почетокот на декември, најави државниот обвинител Љупчо Коцевски. Иако првично беше најавено дека истрагата ќе заврши во септември, Коцевски објасни дека во изминатиот период биле сослушувани нови […]

Повеќе

Градоначалникот Ѓорѓиевски имал средба со Финансиската полиција, бара одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека веќе имал состанок со претставници на Финансиската полиција, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера побара од него да пријави доколку располага со докази за злоупотреби во градските јавни претпријатија. Тој дека не може да открива детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации […]

Повеќе

Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска во видео објава на Фејсбук се осврна на рехабилитацијата на обиколницата кај Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Во натписот на видео објавата, министерот вели дека станува збор за многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светиот свештеномаченик Зиновиј и сестра му Зиновија

Од градот Егеј во Киликија. Од родителите ја наследија вистинската вера, но и големо материјално богатство. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. […]

Повеќе