Денес се празнува Светиот маченик Никита

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. […]

Повеќе

Николоски: Проблемот со радарот го решивме за три дена, седум години никој не водел сметка за резервни делови

Проблем со радарот стар 27 години го решивме за само три дена. Седум години никој не водел сметка за резервни делови бидејќи уште пред седум години престанале да ги произведуваат. Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме во рок од три дена да го решиме и да го ставиме во функција, вели заменик […]

Повеќе

Николоски: Интерконекторот активно го градиме, се стремиме да обезбедиме повеќе извори за снабдување со гас за домашните компании

Изградбата на гасниот интерконектор е во тек. Рокот е две години и со тоа обезбедуваме уште еден извор за снабдување со гас за домашните компании, вели вицепремиерот Николоскиво интервју за ТВ Сител. “Во однос на интерконекторт, активно се гради од наша страна. Стигнати сме некаде над Неготино, северно од Неготино. Рокот за изградба е две […]

Повеќе

Трагедија на свадба во Хрватска: Жена починала откако била погодена со сигнална ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција. Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата. Хрватските медиуми неофицијално […]

Повеќе

Димитриевски со порака до Ахмети: Ах, бе Aли, се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија

Во врска со изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека евентуалното скршнување од патот кон Европската Унија ќе предизвика граѓаните да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а други со Бугарија, Димитриевски вчера нагласи дека се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија и оти никој нема да побегне од […]

Повеќе

Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори […]

Повеќе

Николоски: Целиот проект за железничка мрежа има смилсла доколку сите државни кои се на линијата на коридорот 10 инвестираат

Преговараме со колегите министри од државите низ каде поминува Коридор 10 да потпишеме Договор за соработка за развој на коридорот во делот на патната и железничката мрежа, зелената транзиција и во делот на електропреносната мрежа. Оваа наша иницијатива веќе е прифатена од некои министри, со останатите ќе договараме во следниот период, истакна заменик претседателот на […]

Повеќе

Турција: Златен брош стар 4.500 години и редок жад откриени во античка Троја

Археолозите кои вршат ископувања во античкиот град Троја во северозападна Турција открија златен брош стар 4.500 години и редок камен жад, соопшти денес турскиот министер за култура Мехмет Нури Ерсој, јавува Анадолу. Ерсој го објави ова на турската платформа за социјални медиуми NSosyal, нарекувајќи го брошот, кој датира од раното бронзено време, „едно од најважните […]

Повеќе

Демант на МВР: Не се врши притисот за заташкување на случај во кој е уапсено едно лице за безобзирно возење, напротив лицето е уапсено

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една политичка партија дека наводно бил вршен притисок за како што велат случајот да биде заташкан во кој на 25.09.2025 едно лице беше лишено од слобода поради безобзирно возење, велат од МВР. Вистината е дека Министерството за внатрешни работи вчера (26.09.2025) објави за […]

Повеќе

СВР Охрид го пронајде возилото „бмв“, кое претходно беше украдено во Гостивар, приведен е малолетниот сторител

На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И.(66) од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот. Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на […]

Повеќе