Денес се празнуваат Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден. Прохор […]

Повеќе

Француската „Планина на мајмуните“ им нуди уникатно искуство на посетителите

 Во источниот дел на Франција, во регионот Алзас, се наоѓа „Монтањ де Сенж“ или „Планината на мајмуните“, популарна дестинација за љубителите на природата и животните, јавува Анадолу. Сместен во близина на селото Кинцхајм, овој парк се простира на површина од 24 хектари и е дом на мајмуни од видот берберски макаки. За разлика од зоолошките […]

Повеќе

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

Денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година на крајот на воениот судир, кај месноста Љуботенски бачила. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев ќе положи венци со свежо цвеќе […]

Повеќе

Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица

Екипаж од двајца американски, еден руски и еден јапонски астронаут денеска се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица, каде поминаа пет месеци. Слетувањето на капсулата „Драгон“ на компанијата „Спејс Икс“ успешно е извршено во близина на Калифорнија, покажуваат видеа емитувани од вселенската компанија. Американките Ен Меклејн и Никол Ајерс, Русинот Кирил Песков и Јапонецот […]

Повеќе

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу. Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионални. -Овој чекор не е […]

Повеќе

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

По распишување на Локалните избори, закажани за 19 октомври 2025 година, започнува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз радиодифузерите за начинот на известување во периодот пред започнување на изборната кампања и за почитувањето на одредбите од Изборниот законик што се применуваат со распишување на изборите. До почетокот на изборната кампања, АВМУ ќе […]

Повеќе

Македонка починала на плажата „Свети Стефан“ во Црна Гора

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето додека пливаше. Ова за црногорски „Вијести“ го потврдиле од полицијата во Будва, кои спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство. Како што пренесуваат, туристката престојувала на плажата со своето […]

Повеќе

Листите со кандидати треба да се поднесат до 13 септември, кампањата за локалните избори ќе почне на 29 септември

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши. Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а […]

Повеќе

Нуркач од Бугарија исчезнал во Охридското Езеро

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб […]

Повеќе

Локалните избори официјално на 19 октомври

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, кои ќе се одржат на 19октомври . Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик,почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите, информираат од неговиот Кабинет. Изборниот законик и според […]

Повеќе