Градоначалникот Пецаков се сретна со Архиепископот Стефан и пренесе благодарност за присуството на Богојавление Водици

“Денеска остварив средба со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Средбата ја искористив да ја пренесам благодарноста на Охриѓани за неговото присуство во Охрид за големиот христијански празник Богојавление Водици. На средбата беа присутни и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сашо Донев како и Илија Ристески од Дебарско- Кичевската Епархија кој е […]

Повеќе

Работна средба на претседателката Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување

На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се одржа работна средба на актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување, заради размена на искуства поврзани со примената на институтот помилување. Претседателката Сиљановска-Давкова ја образложи иницијативата за средбата. Според неа, основната причина за свикувањето на средбата е неподелениот став на правниците дека постојниот закон предизвикува сериозни проблеми […]

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава за бесправно градење и узурпација на државно земјиште

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишниот од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во Охрид во државна сопственост,  спротивно на одобрен основен проект, тој неовластено извршил проширување со узурпирање на дворно место од заеднички станбен објект што било констатирано од […]

Повеќе

Приведен стружанец со марихуана во населбата „Плитишта“

На 29.01.2025 во 21.10 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода 46 годишниот од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Приведени тројца охриѓани по тепачка во Струга

На 29.01.2025 во 16.00 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа 29 годишниот, 54 годишниот и 42 годишниот , сите од Охрид. Тие, претходно пред продажен објект на истата улица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале […]

Повеќе

Напад со остар предмет во Охрид – 51-годишен маж повреден

На 29.01.2025 во 22.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Даме Груев“ во Охрид,  М.С. со остар предмет го нападнал Т.С., двајцата од Охрид, при што му нанел телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Приведен охриѓанец по напад врз брат во семејниот дом

На 29.01.2025 во 21.10 часот на улица „Александар Турунџев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (39) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 34 – годишен брат. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

ГРК Охрид ќе одигра три пријателски натпревари

ГРК Охрид ќе одигра три пријателски натпревари во рамки на подготовките за вториот дел од сезоната во ракометната Супер лига. 31.01.2025, петок ГРК Охрид – РК Прилеп (поч.18:00ч.) 01.02.2025, сабота ГРК Охрид – РК Куманово (14:00ч.) 05.02.2025, среда ГРК Охрид – РК Вардар 1961 (18:00ч.) 📍Спортска сала Билјанини Извори 📢Влез слободен! https://www.facebook.com/hcohrid/posts/1153856003410885?ref=embed_post

Повеќе

Приведен охриѓанец (52) за напад и недолично однесување кон малолетничка

На 28.01.2025 во 20.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (52) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал, а потоа допирал по телото малолетничка од Охрид. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Трета транснационална конференција за одржливи практики во кулинарството и дигитални алатки за учење во рамки на проектот SCOOK

Во организација на Школата Жесе де Форест (Jessé de Forest) од Авен сур Елп (Avesnes sur Helpe), Франција, од 20 до 24 јануари 2025 година се одржа третата транснационална тренинг конференција за генерирање на дигитални алатки за учење и одржливи практики во готварството, како дел од проектот SCOOK во рамки на акцијата КА220VET од Еразмус […]

Повеќе