Продолжува проектот за поставување унифицирани информативни табли

Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот   Правилник  и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид  годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.  Проектот започна минатата година со поставување на  74 информативни табли (Фирми) на потегот од Плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. […]

Повеќе

Исчистено дното на езерото пред Трпејца

Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2024 година, на 24 ноември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред селото Трпејца. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични  и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше […]

Повеќе

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија, Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како единствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши […]

Повеќе

Почина Владиката Дебарско кичевски Тимотеј

Дебарско кичевскиот Митрополит Тимотеј, починал денеска во болница, објави порталот „Религија“. Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради сериозни проблеми со срцето. Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир. Please follow and like us:

Повеќе

Денеска се празнува Свети Јован Милостив

Патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но, по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот великомаченик Мина

По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден, […]

Повеќе

Денеска се празнува Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но, тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите . Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето, во ангелите гледаа богови, други, иако не ги сметаа за богови, ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор, којшто се одржа четири или пет […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот Маченик Валериј

Светиот маченик Валериј пострада заедно со уште 32 други маченици, во Ерменскиот град Митилина, во времето на прогонот на императорот Диоклецијан, во 298 година. Императорите беа усрдни поклоници на идолите и гонители на христијаните. Кога до нивните уши дојде веста дека жителите на Ерменија и Кападокија, и покрај заповедите на императорот, одбиваат да им се […]

Повеќе

Охридската библиотека добитник на награда за нај издавач на книги од домашни автори за 2024 година

Во конкуренција од над 20 библиотеки од земјава  организаторите на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ од Македонска Каменица одлучија наградата за нај издавач за 2024 година за издавање на книги од домашни автори да и припадне на нашата  Националната установа Библиотека „Григор Прличев“.  Јаков од Камена Река бил македонски свештеник и писател кој живеел […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово. Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и само […]

Повеќе