Денеска се празнува Светиот великомаченик Димитриј

Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, […]

Повеќе

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улица Прилепска

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улица Прилепска. Екипи на ЈП ВОДОВОД се на терен и ќе се работи и во текот на вечерните часови до целосно завршување со санацијата. Please follow and like us:

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Арета

Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца. Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно […]

Повеќе

Денеска се празнува Свети Аверкиј Рамноапостолен

Во времето на царот Антонин, свети Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабошци, а свети Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабошци и идолопоклоници, па усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на […]

Повеќе

Денеска се празнува Светиот великомаченик Артемиј

Овој славен светител беше родум од Египет и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на свети Андреј од Патра и […]

Повеќе

Автомобил удрил во малолетник кој на велосипед возел Охрид-Кичево

Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Јерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше […]

Повеќе

Денеска се празнува Светиот пророк Осија

Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја […]

Повеќе

Златен пехар за ИПА Охрид на турнирот “ИПА МЕГДАН 2024” во Струмица

Велибор Балоски, член на ИПА Охрид, го доби златниот пехар за освоено прво место во дисциплината пиштол на турнирот во стрелаштво, кој на 26 овој месец, се реализира во Струмица. Балоски победи во дисциплината гаѓање со пиштол калибар 9 милиметри, во кружна мета на растојание од 15 метри. Тој, на освоени 96 кругови, постигна 7 […]

Повеќе

Денеска се празнува Светиот маченик Лонгин Стотник Антиохиски

Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува […]

Повеќе