Општина Охрид и Шведска ја продлабочуваат соработката

Градоначалникот на Општина Охрид оствари продуктивна работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Н.Е. Ола Солстром. Главни теми на разговорот беа тековните еколошки проекти, како и стратегиите за зајакнување на туристичкиот потенцијал на Охрид на скандинавскиот пазар. Еден од клучните столбови на меѓусебната соработка останува проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. […]

Повеќе

Кривична пријава за измама и фалсификување при продажба на станови во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и (43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“. Во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, свесно и со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и прикажувал лажно одобрение за […]

Повеќе

Пријава за физички напад во спортска обложувалница во Охрид

На 04.05.2026 во 16:00 часот во СВР Охрид, (25) од Охрид пријави дека на 28.04.2026 околу 10:00 часот во спортска обложувалница во Охрид бил физички нападнат од лице, вработен во објектот, при што паднал и се повредил. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Please follow and like us:

Повеќе

Мицкоски: Македонскиот јазик е темел на нашата самобитност и иднина

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, премиерот Христијан Мицкоски упати честитка во која ја нагласува важноста на јазикот како клучен столб на националниот идентитет и културното наследство. – Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и чувар на колективната меморија. Во него се вткаени борбите, […]

Повеќе

Нова интернет измама: Лажна МВР страница бара наплата за непостоечки прекршок

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Теодор Сикеот

Место на неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на старецот Стефан, којшто живееше во неговиот дом. Неговата мајка, Марија, беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но, во сон ѝ се […]

Повеќе

Напад по расправија во сообраќајот во Охрид – повредени двајца, меѓу нив и малолетник

На 03.05.2026 во 20:15 часот во СВР Охрид, (26) од с.Лактиње, општина Дебрца, пријавил дека околу 01:20 часот во Охрид, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и неговиот малолетен брат биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. Please follow and like us:

Повеќе

Пријава во СВР Охрид за физички напад врз малолетно дете во игротека

На 03.05.2026 во 18:30 часот во СВР Охрид, 35-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 16:00 часот во игротека во трговски центар во Охрид, неговото малолетно дете, било физички нападнато од друго дете, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Please follow and like us:

Повеќе

Пријава за напад врз малолетничка во Охрид – извршен службен разговор со две лица

На 03.05.2026 во периодот од 15:15 часот до 16:00 часот во СВР Охрид бил извршен службен разговор со (47) и (65), двајцата од охридско, постапувајќи по претходна пријава од 30-годишна жена, со престој во охридско, дека физички ја нападнале нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Please follow and like us:

Повеќе