Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј.(43) од Р.Словенија бидејќи истиот го извадил знамето на општина Прилеп и го запалил. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид

Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема […]

Повеќе

Се зголемува бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба, демократски капацитет и коалициски потенцијал

Бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира, а пратеничката група сега брои 59 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ потпиша Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија, со што покажа дека има голем демократски капацитет и широк коалициски потенцијал. Со овој […]

Повеќе

Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Општина Охрид изјави дека градот континуирано се развива и добива место какво што заслужува благодарение на инвестициите што се реализираат. -Јас не би имал што да додадам во делот на инвестициите во Охрид од повеќе од тоа што го слушнавме од градоначалникот. Гледаме дека се работи, се инвестира, […]

Повеќе

Средба на градоначалникот Пецаков со Австрискиот амбасадор Памер

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вчера оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Австрија во земјава Н. Е. Мартин Памер. На состанокот се разговараше за зајакнување на соработката меѓу Охрид и  австриската покраина Тирол  којашто има донирано  возила  и опрема за  ТППЕ во градов. Се разгледуваа можностите за поддршка на планинските спасителни служби. Двете страни разменаа […]

Повеќе

Денес се празнува Пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх Св. Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм […]

Повеќе

Известување за паркирање во стариот дел на градот

Врз основа на Одлуката на Советот на Општина Охрид бр. 08-8559/30 од 09.07.2026 година, со која на Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид му се отстапуваат на користење паркинг-просторите на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, ги известуваме граѓаните дека од понеделник, 13.07.2026 година, започнува примената на посебниот режим на паркирање на овие локации.Паркинг-местата на […]

Повеќе

ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ ЗА ИДЕЈНИ АРХИТЕКТНОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД

Коалиција на младински организации СЕГА ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постојниот објект – поранешната менза во рамките на Касарната „Михајло Апостолски“ – во современ и функционален Младински културен центар во Охрид. ‎Конкурсот беше реализиран во рамките на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026, […]

Повеќе

Охриѓанец фатен со 2,41 промили алкохол – автомобилот одземен

На 09.07.2026 во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишен од слобода е (47) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против […]

Повеќе

Трагедија во Гостивар: Почина 14-годишно девојче по пад од лулашка

Четиринаесетгодишно девојче починало по пад од лулашка во паркот во Гостивар. Како што соопшти СВР Тетово, вчеравечер кај нив од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била […]

Повеќе