Полицијата доби 120 нови возила

Македонската полиција доби 120 нови автомобили од марката „Peugeot 408“. Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска истите ќе бидат и промовирани. На промоцијата ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Возилата ќе бидат распоредени по сите Сектори за внатрешни работи.

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест

Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј – свештеник, а Мардариј – прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. […]

Повеќе

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да избрише балансерот, Законот за правична застапеност од оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го […]

Повеќе

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти, а вие како Влада направивте катаклизма во енергетскиот сектор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во однос на поскапувањето на цената на струјата, нагласи дека изминатиот период тие постојано ја манилупирале јавноста со бројки за покачуваење на цената од над пет проценти, над десет проценти за на крај да […]

Повеќе

Пронајдени над 25 тони пиротехнички средства, уапсен полицаец од ПС Бит Пазар и уште едно лице

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. -При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го […]

Повеќе

Превентивна кампања „Кажи НЕ за пиротехничките средства“ реализирана во училиштата во Кичево и Центар Жупа

Вчера (24.12.2025 година), во сите основни и средни училишта во Кичево како и во едно основно училиште во Центар Жупа, беше реализирана превентивната кампања  „Кажи НЕ за пиротехничките средства“. Пред околу 600 ученици од двете општини, тим од полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, од полициската станица во Кичево и Дебар, доктори […]

Повеќе

Кривична пријава против охриѓанец за нелегално поседување оружје и муниција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 13 куршуми со различен калибар кои, нелегално ги поседувал […]

Повеќе

Приведен 20-годишник од Охрид за поседување марихуана

На 24.12.2025 во 03:00 часот на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа (20) од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со марихуана , кое е најдено и одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Честитка на Градоначалникот Кирил Пецаков за Католичи Божиќ

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка  до сите христијани кои го слават Христовото раѓање – Божиќ по   грегоријански календар. – На овој Свет и најголем ден, го славиме  раѓањето  христово кое е темел –   основа на христијанската вера и  христијанските празнувања.  Празникот на радоста и милосрдието е пред  нас. Раѓањето на Спасителот е чудо […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено […]

Повеќе