Вчера (24.12.2025 година), во сите основни и средни училишта во Кичево како и во едно основно училиште во Центар Жупа, беше реализирана превентивната кампања „Кажи НЕ за пиротехничките средства“. Пред околу 600 ученици од двете општини, тим од полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, од полициската станица во Кичево и Дебар, доктори по општа медицина и пластична хирургија, пред учениците презентираа основни информации за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника, на можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства и низ интерактивна комуникација со учениците, разговараа по изнесените теми и видео презентации. Учениците подетално беа запознаени со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, им беше потенцирано дека, сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето и телесни инвалидитети, а истовремено ги запознаваа и со законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволено поседување и користење на пиротехнички средства. Целта на кампањата е зголемена безбедност на младите за време на Новогодишните празници и јакнење на нивната безбедносна култура.
Превентивна кампања „Кажи НЕ за пиротехничките средства“ реализирана во училиштата во Кичево и Центар Жупа
Please follow and like us:

