Осомничениот за нападот врз Сара повторно приведен – СВР Охрид потврди нови околности во случајот

Охрид Црна хроника

Осомничениот за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид повторно е лишен од слобода поради нови околности во предистражната постапка.

Од полицијата засега не откриваат дополнителни детали за новите околности што довеле до повторното приведување на осомничениот К.К. (31).

Според Инфомакс, од Основното јавно обвинителство сè уште нема одговор за тоа кои се новите околности и какви мерки се побарани во понатамошната постапка.

Претходно, по барање на Обвинителството, Основниот суд во Охрид на осомничениот му одреди мерки на претпазливост наместо притвор. Ваквата одлука предизвика бројни реакции во јавноста, особено по објавувањето на деталите за нападот врз младата охриѓанка.

Против 31-годишниот охриѓанец е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, откако на 15 ноември физички ја нападнал својата девојка, која со тешки повреди била пренесена во болница.

Засега нема официјална информација дали Обвинителството побарало притвор или други мерки по повторното приведување.И

Please follow and like us: