Сашо Донев се огласи на социјалните мрежи во врска со насилниот инцидент во Охрид, испраќајќи јасна порака дека насилството не смее да биде оправдано и дека надлежните институции мора професионално да постапат.
Во својата објава на Фејсбук, Донев истакна дека со насилство не се решаваат проблемите и упати апел до институциите да постапуваат согласно своите надлежности.
„Искрено сакам да верувам дека не постои човек на планетата Земја кој ваков насилен настан би го оправдал. Со насилство не се решаваат проблемите.
Апелирам до сите надлежни институции максимално посветено и професионално да си ја извршат својата работа согласно нивните надлежности. Време е да се покаже дека никој не е над законот.
Исходот од оваа одлука мора да служи како јасна поука и лекција од која ќе се превенираат вакви немили настани во иднина. Правдата мора да биде задоволена!“, напиша Донев на Фејсбук.
Неговата реакција доаѓа во период кога случајот со нападот врз младата охриѓанка предизвикува реакции во јавноста, а граѓаните очекуваат институциите да обезбедат правична и законска разрешница.
https://www.facebook.com/share/p/1FU4HGTx4V/

