Мицкоски побара со Бугарија да предложат Резолуција до ЕП со која ќе се признае посебен македонски јазик и идентитет- од Софија молк!

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера упати предлог до властите во Софија со кое ќе докажат дека немаат ништо против македонскиот јазик и идентитет и оти барањето за внесување на Бугарите во Устав е единственото, објави Република. Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука […]

Повеќе

На денешен ден во 1967 година во Охрид е прогласена автокефалност на МПЦ

На 18-ти јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), донесе одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски. По него за архиепископи на МПЦ се избрани […]

Повеќе

Мицкоски: Потпишавме договори за 828 проекти за финансирање на општините, има инвестиција од половина милијарда долари за ветерен парк што е сигнал за нова етапа на енергетска независност

Пред една година, народот ни ја довери честа и одговорноста да ја водиме Македонија. Не ни ја даде само власта, туку ни ја предаде надежта, очекувањата, разочарувањата од претходно. Државата беше понижена, но не изгубена. Народот кажа, доста беше. И промената започна, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема […]

Повеќе

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2 илјади денари

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна на барањата од страна на пензионерите околу прашањето за линеарното зголемување на пензиите, најавувајќи ново зголемување во следните 6 месеци. Премиерот Мицкоски кажа дека се прават анализи за линеарно зголемување на пензиите и тоа 1.000 денари оваа есен и 1.000 на […]

Повеќе

Охрид тагува, Вработените при СОСУ Св Кирил и Методиј изразуваат длабоко сочувство до семејството на прерано згаснатиот живот!

Тешко е да се пронајдат зборови коишто ќе ја изразат тагата за твоето прерано заминување. Беше дел од нашето училиште, ученик со единствен дух, со единствена насмевка.Засекогаш ќе бидеш дел од нашата училишна приказна и од нашите срца.Почивај во мир!Вработените при СОСУ Св Кирил и Методиј изразуваат длабоко сочувство до семејството на прерано згаснатиот живот.

Повеќе

Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари- нашата цел е огласот да стигне до што повеќе граѓани

Владата на Република Македонија информира дека, поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните, се продолжува рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули среда. Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, […]

Повеќе

Царинска управа: Потпишана заедничка декларација за царинска соработка со Министерството за трговија на Турција

Потпишана е Заедничка декларација помеѓу Царинската управа на Македонија и Министерството за трговија на Република Турција за царинска соработка со што двете страни се обврзуваат заеднички да делуваат во борбата против организираниот криминал и забрзување на протокот на легална трговија. Заедничката декларација денеска во Анкара ја потпишаа директорот на Царинската управа на Македонија, Бобан Николовски, […]

Повеќе

Мицкoски: Не гледам зошто би имале уште една лидерска средба со Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската […]

Повеќе

Градоначалникот Кирил Пецаков го потпиша договорот за финансирање на изградбата на катна гаража и на уште 12 други инфраструктурни проекти

Потпишани се договорите за реализација на важни инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Со ова го продолжуваме процесот за обезбедување на подобри услови за живеење во сите урбани и рурални средини. Инвестициите во комуналниот развој се нашиот […]

Повеќе

Муцунски: Ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство

Денеска, во британскиот Форин офис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. – Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја […]

Повеќе