ЦУК: Aктивни се седум пожари

Активни се вкупно седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се пожарите во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), […]

Повеќе

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како […]

Повеќе

Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Германската развојна банка за Југоисточна Европа, Клаус Милер денеска во Владата ќе потпишат договор за неповратен грант од ЕУ во износ од 5,5 милиони евра, кои ќе се искористат за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во државава. – Средствата се обезбедени преку Инвестициска […]

Повеќе

Mицкоски: Локалните избори најверојатно на 19 октомври

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го спомена 19 октомври како најверојатен датум за првиот круг на локалните избори. Тој објасни дека тоа се последните информации што доаѓаат од Собранието. Ќе бидат распишани на првата половина од август. Во тој случај вториот круг би се одржал по две недели односно на 2 ноември.

Повеќе

М-НАВ: Се преземаат чекори за доекипирање, замена на старата опрема и реогранизација

АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација, како и дека во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти. Според […]

Повеќе

Мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски и избега оди во притвор

Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ, 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор […]

Повеќе

Засилени контроли на Охридско Езеро викендов: Откриени 22 прекршоци, поднесени пријави за управување без дозвола и под дејство на алкохол

Викендов (05/06.07), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при регионалниот центар „Запад“, како и инспектори од Капетанија на пристаништата Охрид, реализираа засилени акциски мерки согласно Законот за внатрешна пловидба. Притоа, во водите на Охридското езеро, кај  13 пловни објекти и 13 лица констатирани се 22 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, […]

Повеќе

Ѓорѓиевски: Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети

Денес бев на прием кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети, објави градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје. Како што ви ветив, […]

Повеќе

Мицкоски: Подаваме рака на домашните и на странските инвеститори, не само декларативно, туку суштински

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес- конференција на кој информира дека одржале важен состанок со Советот за странски инвестиции. Подаваме рака и на домашните, и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно. Потполно сум свесен дека граѓаните сеуште живеат тешко и […]

Повеќе

Ангелов: Состојбата со пожарите не е алармантна

Се уште е активен на неколку краци пожарот во близина на граничниот премин Блаце. Според Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), можна причина е догорче од цигара покрај самиот магистрален пат, а не е исклучено и да е подметнат. Бидејќи вчера бев на местото дваесетина минути по појавувањето на пожарот и […]

Повеќе