Пет жени нападнати од своите сопрузи: Ги тепале и им се заканувале

Македонија

На 22.11.2026 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.П.(46) од битолско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил закани. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.А.(35) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. По претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга и ѝ упатил закани на неа и нејзиното семејство.

На 22.11.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.К.(42) од Битола. Според пријавеното, Б.К. упатил закани по живот кон неговата 25-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.11.2026 во 19:14 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.М.(35) од село во Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ се заканувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 23.11.2026 во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.А.П.(41), постапувајќи по претходна пријава дека на 22.11.2026 во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Please follow and like us: