Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава

Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде над 150 милиони евра и ќе се отворат нови 1.300 работни места, соопшти денеска директорот на Дирекцијата на технолошко-развојните зони Гоце Димовски. На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, директорот […]

Повеќе

Дурмиши: Ќе донесеме ригорозни мерки ако имаме девијантно однесување од трговците

Овие беа краткорочни решенија за да им излеземе во пресрет на граѓаните поради однесувањето од страна на трговците. Знаеме дека тие, особено во време на празниците, знаат кои производи се трошат и ги покачуваат цените, рече министерот. Во оваа година донесовме еден куп мерки со кои им излеговме во пресрет на граѓаните. Донесовме мерки со […]

Повеќе

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат […]

Повеќе

ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА ГО ОДОБРИ, Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството  за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија, извести Министерството за правда .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно […]

Повеќе

Николоски: Имаме надлежност само за градби од А категорија – наместо спектакли, градоначалничката на Скопје да излезе со градежна инспекција на терен

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, […]

Повеќе

Нов упис на 30 јуни: Слободни над 16.000 места во средните училишта во вториот уписен рок

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец – в понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена […]

Повеќе

Целосна забрана за движење во шуми во јули и август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот […]

Повеќе

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија

Утрово во Албанија беше регистриран земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Вибрациите од потресот беа почувствувани и низ југозападните делови на Македонија. Според податоците од сеизмолошката опсерваторија, потресот се случил во 5 часот наутро, на оддалеченост од 158 километри југозападно од Скопје.

Повеќе

Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“. Мицкоски, ова го кажа во одговор на пратеничкото прашање на пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијансата на Албанците, кој праша дали […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна […]

Повеќе