Охридската полиција поднесе кривична пријава за лихварство – прибавиле речиси 10 милиони денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицица на (42) и (45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист […]

Повеќе

Перински во Будимпешта: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој

Во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит, кој се одржува во Будимпешта, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија. На средбата, двајцата министри разговараа за регионалниот развој, одржливоста на системите за локално управување, децентрализацијата и територијалната организација на двете земји, […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите […]

Повеќе

Николоски: По 12 години, повторно воспоставена авиолинијата Скопје-Амстердам со Трансавиа

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам, напиша денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на Фејсбук. Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата, во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам. Ова е нова можност граѓаните да ги искористат […]

Повеќе

Шест медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат во Будва

По еден златен и бронзен, како и четири сребрени медали, освоија членовите на македонската карате-репрезентација од клубот „Макпетрол“ на Балканското првенство во Будва. Со одличја во поединечна конкуренција се закитија Јована Мицовска (-61 кг., злато), Викторија Јовановска (-61 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.), сите сребро. Јовановска и Мојсовска добија исти […]

Повеќе

Едукативни кампањи на СВР Охрид: Борба против насилството и унапредување на сообраќајната култура

Во текот на изминатата недела (24 до 28. 02.2025 година), отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид. Така, во основното училишта „Братство Единство“, пред учениците од албанска и турска наставна програма, беа одржани типизирани предавања на тема „Меѓуврсничко насилство и интернет насилство-сајбер и сајбер булинг“. Притоа, полициските службеници […]

Повеќе

Предавање за „Дијабетично стапало – дијагноза и превенција“ во библиотеката „Григор Прличев“

Утре, вторник (4 март), во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, д-р Арсо Митрески ќе одржи предавање на тема „Дијабетично стапало – дијагноза и превенција“. Шеќерната болест значително го забрзува затнувањето на крвните садови, предизвикувајќи артериосклероза во мозокот, очите, срцето, бубрезите и нозете. Кај пациентите со дијабетес тип 1 почесто се јавуваат оштетувања на […]

Повеќе

Постот е тивка молитва: Воздржување, скромност и вера без фалење

Ако сте одлучиле да постите не кажувајте никому, а овие зборови изговарајте ги секој ден до крајот. Постот не е диета и не се започнува за да ослабете. Постот не е храна – постот е молитва и воздржување. Воздржувањето на претерување од секаков вид: лоши мисли, зло дела, преголеми колицини на јадење и пиење. Скромноста […]

Повеќе

Приведени две лица во Кичево – пронајдена бела грутчеста материја во возило

На 02.03.2025 година во 00.30 часот, во ОВР Кичево лишени од слобода се (38) и (34), двајцата од Кичево. При преглед во возило „Голф“ во кое се превезувале, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа најлонска опаковка со бела грутчеста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена […]

Повеќе

Физички напад во село Бомово – нарушен јавниот ред и мир

На 01.03.2025.година во 15.15 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во дебарското село Бомово, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од Дебар врз (55) од Маќелара, Република Албанија. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе