Веслачите од Горица Ремо, Охрид отпатуваа за Палиќ, Република Србија

На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, Србија, охридските веслачи отпатуваа на ROWLE ERGO штафета 2024, која ќе се одржи викендов во Палиќ. Овој несекојдневен натпревар е дел од проектот ROWLE како состав од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија. Натпреварувањето е од штафетен карактер и е наменет за сите возрасни категории од пионерска па […]

Повеќе

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот крст Охрид, на градскиот плоштад во Охрид, ја реализираа превентивната кампања со показна вежба „Петардите не се играчка“. Притоа, младите волонтери демонстрираа симулациска показна вежба на повредени од експлозија на петарди, со приказ на повреди на екстремитети од експлозијата […]

Повеќе

Од активностите на Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“

Екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за чистење обраснато зеленило во село Долно Лакочереј и градски парк, плевење на хортикултурни содржини во бетонската жардињера ул.,,Булевар Туристичка” итековно одржување на дрворед по ул.,,Партизанска” Се интервенира на отстранување на скршена гранка која претставуваше опасност по возилата и пешаците на патот кон месноста Навис Се продолжи со […]

Повеќе

100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Во понеделник, на 23.12.2024 година во куќата на Христо Узунов во 15 часот, ќе се одржи пригоден настан по повод јубилејот 100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев. Предвидено е обраќање на претставник од локална самоуправа како и изведба на театарска претстава „Последниот лет на Чаулев“ авторско дело на Михаил Патчев, професор по […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Патапиј

Роден е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Египетска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Египетската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но, кога неговите […]

Повеќе

Новогодишни пакетчина за најмладите од Општина Охрид и СОС БАЛКАН МЕДИА

Општина Охрид и Здржението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА спроведоа голема донаторска акција во Охрид во која беа поделени околу 3000 новогодишни пакетчина за најмладите. Традиционално беше посетена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, каде што со подароци беа израдувани дечињата кои се згрижени […]

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова прими новинарска делегација од Турција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими новинарскa делегација од Република Турција, членови на Глобалниот совет на новинари, кои престојуваат во земјава по повод 21 декември, Денот на наставата на турскиот јазик. На средбата, соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски земји, за статусот на турската заедница, како и за важноста на новинарството – еден […]

Повеќе

Пожар во викенд куќа во Горна Белица, повредени лица нема

На 19.12.2024 во 09.55 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека во викенд куќа во селото Горна Белица настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

Повеќе

Општина Вевчани повторно дел од Федерацијата на европски карневалски градови

Со радост и гордост ја известуваме јавноста дека Општина Вевчани повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови! Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, повторно, после 20 години е на вистинското место. Со посветеност и напор, сите обврски за членарина од изминатите […]

Повеќе

Богата забавна програма за новогодишните празници во Охрид

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници. На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски. На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и […]

Повеќе