Вечерва на магистралниот пат Кичево – Охрид, на потегот помеѓу селата Ботун и Мешеишта, во близина на Климештани, автомобил излетал од коловозот. Неофицијално повредено е едно лице.

Според информациите од наши читатели, на овој дел од патот има и паднато дрво, кое претставува дополнителна опасност за учесниците во сообраќајот.

Поради дождот, влажниот коловоз и намалената видливост во вечерните часови, се апелира до возачите да бидат особено внимателни.
Please follow and like us:

