ГНЕВНИ И ЗГРОЗЕНИ ОД ОДЛУКИТЕ ГРАЃАНИ СЕ САМООРГАНИЗИРААТ НА ПРОТЕСТ ПРЕД СУДОТ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО

За утре во 18 часот најавен протест пред Обвинителството во Охрид – се појавуваат и нови сведоштва за наводно непостапување по други случаи Граѓани преку социјалните мрежи се самоорганизираат за протест пред Основното јавно обвинителство во Охрид, по случајот со брутално претепаната девојка Сара, кој предизвика огромен револт во јавноста. Според досегашните објави на социјалните […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот великомаченик Георгиј

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив

Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со свети Андреј и од него беа поставени […]

Повеќе

Општина Охрид добитник на националната награда „Младински пријателски град“ за 2026 година

Денеска во Младинскиот центар во Охрид свечено беше отворен Четвртиот Национален форум за младинска работа, на кој Општина Охрид официјално ја доби престижната национална награда „Младински пријателски град“ (Youth Friendly Town) за Југозападниот плански регион за 2026 година. На свеченото отворање на Форумот и доделувањето на наградата, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, […]

Повеќе

Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители, како девојка, почна да им го раздава својот имот на бедните и на болните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на свети Димитриј Мироточивиот, во Солун живееше еден млад човек по име Нестор, којшто на верата се научи од самиот свети Димитриј. Во тоа време, христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. […]

Повеќе

Со свечена академија во Охрид одбележани 82 години од ослободувањето на градот

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вчеравечер се одржа свечена академија по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, со која беше оддадена почит на борците и хероите кои ги положија своите животи за слободата на градот. По повод 82-годишнината од ослободувањето на Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков упати порака за значењето […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и Мартириј

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин, Ариевата ерес којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно […]

Повеќе