Пецаков: Деновиве се вршеше асфалтирање на пристапни улици во село Подмоље

“Деновиве се вршеше асфалтирање на пристапни улици во село Подмоље. Асфалтирани се неколку пристапни улици со просечна широчина од 3 метри. Активностите се одвиваат во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид”, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.

Повеќе

Од денес почнуваат Божиќните пости, траат 40 дена до Божиќ

Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот рај – да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1.Мој. 2,17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушност и воздржување.“ Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили” (лукавиот и […]

Повеќе

Туркиш ерлајнс ќе започне со летови до Охрид

Туркиш ерлајнс (ТХЈ) објави дека ќе започне со редовни летови до Охрид, известува Анадолу. Во соопштението што ТХЈ го објави на својата Платформа за јавно известување се наведува: „Нашиот партнерски Управен одбор одлучи да започне со редовни летови до Охрид, Северна Македонија, во зависност од можностите и условите на пазарот. извор: Анадолија 

Повеќе

Српскиот патријарх г. Порфириј упати соопштение со сочувство за смртта на владиката Тимотеј

Со длабоко жалење ја примивме веста за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, со кого пред нешто повеќе од еден месец служевме света Литургија во манастирот Џуниса. Епископот блажен Тимотеј, како верен Христов сведок, копнееше за единство и, кога дојде полнотата на времето, вдахновен од Светиот Дух, решително придонесе за воспоставување на нарушеното единство на Црквата, […]

Повеќе

Сочувство од Рускиот Патријарх Кирил по повод упокојувањето на Митрополитот Тимотеј

Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил, на 27 ноември 2024 година упати писмо со сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод упокојувањето на митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј. Во продолжение писмото го пренесуваме во целост. До Неговото Блаженство,Блаженејшиот Стефан,Архиепископ Охридски и Македонски, Митрополит Скопски Во името на епископатот, […]

Повеќе

Ден на жалост во Охрид, денес ќе биде погребан владиката Тимотеј

На вчерашната вонредна седница на Советот на општина Охрид се одлучи 28 ноември да биде ден на жалост, по повод смртта на владиката Тимотеј. Сите културни, забавни, спортски и други настани и манифестации за утрешниот ден, ќе бидат откажани на целата територија на Општина Охрид. Погребот на владиката Тимотеј ќе биде денес на Плаошник.

Повеќе

Продолжува проектот за поставување унифицирани информативни табли

Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот   Правилник  и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид  годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.  Проектот започна минатата година со поставување на  74 информативни табли (Фирми) на потегот од Плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. […]

Повеќе

Свикана четириесет и деветтата вонредна седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и […]

Повеќе

Четврто и осмооделенци во посета на општина Охрид

Четвртоодделенците од охридските основни училишта,  „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“ и „Ванчо Николески“ од с. Лескоец  беа во посета на Општина Охрид. Денешни гости беа и осмоодделенците од ООУ „Кочо Рацин“. Младите гости ги пречека градоначалникот  Кирил Пецаков кој ги информира за улогата и функцијата што ја обавува градоначалникот, а им го објасни и начинот на […]

Повеќе

Исчистено дното на езерото пред Трпејца

Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2024 година, на 24 ноември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред селото Трпејца. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични  и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше […]

Повеќе