Пронајдено и одземено нежигосано огревно дрво

На 14.11.2024 во 09.30 часот, при контрола на регионалниот пат Струга – Дебар, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, во паркирано товарно моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, пронајдоа и одзедоа 13,68 метри просторно нежигосано огревно дрво.Одземеното огревно дрво е предадено на претставници на Шумската полиција за натамошна постапка.

Повеќе

Излета патничко возило кај Ново Село, општина Дебарца

На 14.11.2024 во 07.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново село, општина Дебрца, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице (54) од Кичево, излетало од патот. Притоа, сопатничката лице на (72) од Кичево се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив

Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, […]

Повеќе

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. На средбата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека […]

Повеќе

Одржана четириесет и осмата седница на Советот на општина Охрид

На денешната четириесет и осма седница на градскиот совет, советниците расправаа за измаени и дополнувања на годишните програми за работа на повеќе сектори од општинската адмнистрација, јавните претпријатија и образовни интитуции. По плодна дебата за повеќе точки од дневниот ред, истите беа усвоени со мнозинство гласови. Во вториот дел од работата на седницата, усвоени пет […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите Бесребреници Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки […]

Повеќе

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со заменик извршната директорка на УНИЦЕФ, Кити ван дер Хејден

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со Кити ван дер Хејден, заменик извршна директорка на УНИЦЕФ. На средбата беше изразено задоволство од континуираната плодна соработка во повеќе клучни области коишто се однесуваат на благосостојбата на децата и младите во македонското општество, со посебен […]

Повеќе

Интерес за економска соработка со Казахстан – средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Џомарт Токајев. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави и беа разменети мислења за актуелните геополитички состојби, како и за регионалната улога на двете држави. Како мост помеѓу Азија и […]

Повеќе

Одржан состанок за непречен и безбеден сообраќај во зимски услови

Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работаат на изградба на автопатот Охрид-Кичево. Целта на состанок е координација и дефинирање на предлог мерките за […]

Повеќе

Трагична несреќа на патот Охрид – Св. Наум: 18-годишник загина, 16-годишник сериозно повреден

Осумнаесет годишно момче го загуби животот, а 16 годишник е тешко повреден откако со автомобил излетале од регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“. Несреќата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се случила синоќа во 01:15 часот, кога автомобилот „Пежо“ кој го управувал охриѓанецот Д.Ц. (18) излетал од патот. […]

Повеќе