Новиот автопат кон Кичево ќе заобиколува Стража

Министерот за транспорт Александар Николоски објасни што предвидува новата делница од автопатот Гостивар-Кичево. Интересно е дека кога ќе биде направена оваа делница ќе се заобиколува популарната Стража.

Повеќе

Превентивна активност на СВР Охрид, “Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила”

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид, на подрачјето на охридските села Орман, Долно и Горно Лакочереј, како и на повеќе улици кои гравитираат кон тие населени места, ја реализираа сообраќајно едукативната кампања „Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила“. Кампањата доаѓа […]

Повеќе

Приведен германски државјанин, кај него пронајдена марихуана

На 27.10.2024 во 10.30 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св.Наум“ го приведоа германскиот државјанин Ј.Ф.Д.(51). При контрола и преглед на патнички автомобил „шкода фабија“ со албански национални ознаки, што тој го управувал, полициските и царинските службеници во неговиот ранец пронајдоа и одзедоа марихуана. По документирање на случајот ќе […]

Повеќе

Поради дефект денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Прилепска“

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Прилепска, вклучувајќи ги и сите споредни улици.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Повеќе

Донев: Општина Охрид го добива првиот дел од вкупните 250 милиони евра за сите општини за капитални инвестиции

📌Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата на Македонија со кое Општина Охрид го добива првиот дел од вкупните 250 милиони евра за сите општини за реализација на капитални инвестиции. 🚧 Реконструкција на улица во с. Пештани 🚧 Реконструкција на улица во с. Подмоље 🚧 Реконструкција на улица во с. Долно Лакочереј 🛠️ Реконструкција […]

Повеќе

Денеска се празнуваат Светите четириесет битолски преподобномаченици

Кога, според неиспитливото допуштение на Господа, Турците муслимани нападнаа на православните народи на Балканот, по поробувањето на Прилеп, дојдоа да го освојат градот Битола, во 1385 година. По четиримесечна опсада, кога успеаја во освојувањето, се оддадоа на секаков вид убивања, опустошувања, поробувања, насилство, колежи, пљачкање, разорување на домови и свештени храмови, а се зафатија и […]

Повеќе

Пожар избувна во патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ во селото Пештани

На 27.10.2024 година во 00,20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице од Скопје, кое било паркирано во охридското село Пештани, покрај регионалниот пат Охрид-Св.Наум, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По насока на јавен обвинител, врз […]

Повеќе

Денес осветување на црквата Св.Петка во Волино, покана до сите верници!

На 27 октомври 2024 година, по повод празникот Преподобна Параскева – Петковден, ќе се одржи свечена церемонија на осветување на црквата „Света Петка“ во селото Волино. Програмата за овој благословен настан започнува во 8.45 часот, со свечен дочек на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Плаошки и Дебарско-Кичевски, г. Тимотеј, кој ќе ја води оваа значајна церемонија. Веднаш […]

Повеќе

Третиот ден од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“

Третиот ден од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“ што се игра во салата „Билјанини извори“, донесе интересни и ефикасни натпревари на кои беа постигнати 28 гола. Резултати сабота, 26 октомври Инекс Олгица Хотел и СПА – ЈП Водовод Охрид 3:1ЛТХ Леарница – РЕК Битола 4:7Гостилница кај Мече – ЈП Колекторски Систем 4:0Костал Македонија […]

Повеќе

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш, кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. […]

Повеќе