Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија!

Живееја и пострадаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (бидејќи софија на грчки значи мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добродетелниот […]

Повеќе

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда

Денеска (29.09.2024), полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид. Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од […]

Повеќе

Денеска се празнува Светиот маченик Никита

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. […]

Повеќе

Мицкоски и Орбан кај споменикот на Св. Кирил и Методиј во Охрид

“Со мојот пријател Виктор Орбан, одадовме почит и положивме свежо цвеќе на еден од најмаркантните споменици за Охрид, Македонија и словенскиот свет, светите браќа Кирил и Методиј!” Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Охрид.

Повеќе

Крстовден во Храмот Пресвета Богородица – Перивлепта, Охрид

„Денес четирите краишта на светот се осветуваат, со четирите краеви на Твојот Кртс, Христе Боже наш. Со него се издигнува и достоинството на православните христијани; со него се крши силата на непријателите. Голем си, Господи и чудесен во Твоите дела: слава Ти“ (самогласна стихира на Утрена на празникот Воздвижение на чесниот Крст). На 27.09.2024 година, […]

Повеќе

Охрид домаќин на Меѓународна научна конференција за услужниот сектор

Градоначалникот, Кирил Пецаков се  обрати  на дводневната  Меѓународна  научна конференција  за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024) што претпладнево започна  на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Во поздравното обраќање, во улога на домаќин градоначалникот Пецаков  укажа на значењето на вакви научни собири за градот Охрид како главен туристички […]

Повеќе

Орбан: Дојдени сме за да ѝ помогнеме на Северна Македонија да го реши спорот со Бугарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за унгарското Радио Кошут кое емитува програма од брегот на Охридското Езеро вели дека една од причините за посетата на Македонија е за да се пронајде решение на спорот со Бугарија. „Северна Македонија има еден конфликт со Бугарија кои го блокираат процесот на нивно присоединување кон ЕУ. Поради расправиите […]

Повеќе

Орбан – Мицкоски во Охрид: Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово оствари куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид. Орбан е во официјална посета на Македонија, а денеска ќе има и обраќање пред новинарите. „Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше […]

Повеќе

Крстовден – Воздвижение на Чесниот и Живототворен Крст Господов

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се […]

Повеќе

Театар Хит од Скопје со претставата „Младиот Чорбаџија“ ќе гостува во Охрид овој петок

Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, овој петок  на сцената кај ТЦ Амам со почеток во 18.30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Џорбаџија“   во изведба на актерите од Театар Хит – Скопје. Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на […]

Повеќе